01.02.2016

И шеиците од Дубаи го сакаат вкусот на Македонија

Границите на добриот вкус ги надминуваат сите други граници, политички или физички. Најдобар доказ за тоа е што дел од македонската прехранбена емиграција својата смисла за постоење ја реализира во Дубаи. И тоа не само на софрата на нашинците кои го сакаат вкусот на Македонија каде и да се наоѓаат низ светот, туку и во задоволниот желудник на стотиците илјади луѓе од целиот свет кои живеат во оваа земја.

Рефусните смрзнати производи на Жито Леб се веќе во Емиратите. Можеби Македонија нема нафта за да им парира економски, но кога е во прашање гурманлукот, ние го осветлуваме патот.

Macedonian