01.02.2016

И „Апетисимо“ ја освои Србија

Уште една низа од нашите познати производи го освојува Балканот - бидејќи задоволството е поголемо кога ќе се подели. А задоволството кое благодарение на соработката меѓу Жито Леб и српскиот синџир маркети „Макси Делез“ веќе го делиме со граѓаните на Република Србија е нашиот познат програм „Апетисимо“.

Смрзнатите погачици со сирење, шунка и кашкавал, спанаќ, мини-погачиците со пица фил, виршла, сирење и пиперка и уште многу други сега им се достапни и на нашите комшии на север. Покрај охридскиот ѓеврек, сега убавините на Македонија со потпис на „Жито Леб“ кои може да се пробаат надвор од нејзините граници се збогатени и со „Апетисимо“.

Macedonian