15.07.2018

Патување над облаците

Официјални Правила на наградната игра

“Патување над облаците”

 

  • Организатор на наградната игра

Организатор на наградната игра е Друштво за маркетинг и реклами Идентити ДООЕЛ Скопје, (во понатамошниот текст „Организатор“), со седиште на бул.„АСНОМ“ БР.106-4/1, Скопје.

 

  • Назив и времетраење на наградната игра

Назив на наградната игра е Патување над облаците 

Наградната игра ќе трае во периoдот од 16-ти јули 2018 до 15-ти август 2018 година.

 

  • Територија на приредување на наградната игра 

Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Македонија во долунаведените продажни места:

 

Назив на правно лице или подружница

Aдреса

Град

1

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 111 Рекорд

Велко Влаховиќ бр.6

Скопје

2

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 112 Планет

Ѓорче Петров ББ

Скопје

3

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 157 Кисела Вода

Сава Ковачевиќ  бр. 47-2

Скопје

4

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 178 Радишани

нас. Радишани ББ

Скопје

5

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 29 Лисиче

Димитар Туриманџоски ББ

Скопје

6

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 4 Буњаковец

Бул. Партизански одреди бр. 18

Скопје

7

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 118 Зелено пазарче

11-ти октомври бр. 46

Скопје

8

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 42 Илинденска

Бул. Св. Климент Охридски бр.20

Скопје

9

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 109 Кузман

Теодосиј Гологанов ББ

Скопје

10

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 164 Пазар Тафталиџе

Тафталиџе Пазар

Скопје

11

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 144 Лептокарија

Бул. Партизански одреди ББ

Скопје

12

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Продавница 40 Беверли Хилс

Народен фронт бр. 21

Скопје

13

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Спибо

50-та дивизија бр.43

Скопје

14

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН ОХРИДАТИ

Aсном ББ

Oхрид

15

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН ЧИНАР

Св. Климент Охридски ББ

Oхрид

16

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН НОВА АВТОБУСКА

Kленоец ББ

Oхрид

17

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН ГИМНАЗИЈА

Jане Сандански бр. 32

Oхрид

18

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН ПАЗАР

Абас Емин бр. 8/4

Oхрид

19

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН НИКО НЕСТОР

Пролетерски бригади бр. 45a

Струга

20

АД ЖИТО ЛЕБ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Центар Струга

15-ти корпус бр.34

Струга

21

Ел-Ем ДООЕЛ Охрид ПОДРУЖНИЦА ПИНК ПАНТЕР

Бул. Македонски провестители ББ

Охрид

22

Друштво за производство, трговија и услуги УЛТРАС ДС ДООЕЛ увоз-извоз

Јане Сандански бр. 71

Tетово

 

  • Цел на приредување на наградната игра

Целта на наградната игра е рекламирање на производите од брендот на АД ЖИТО ЛЕБ Охрид.

Награден фонд

 Во наградната игра, ќе се доделуваат следните награди:

Опис

Количина

Патување во Кападокија со обезбеден транспорт, сместување и возење со балон на топол воздух за двајца

1

GoPro Camera Hero6 Black

1

Huaweii P20 Public

1

Викенд во Охрид за двајца во хотел Парк Лејксајд

1

Гуми за пливање

300

Крпи за на плажа

300

Ваучери во пекарите на Жито Леб (200 ден)

300

 

Вкупниот фонд на награди со вклучен ДДВ изнесува 548.549,00 денари.

 

  • Право на учество и услови на наградната игра

Учесник во наградната игра е секое полнолетно физичко лице со наполнети 18 години жител на Република Македонија, кое ги прифаќа правилата на наградната игра и кое во периодот на времетраење на наградната игра ќе купи било кој од производи од продажните места на АД Жито Леб Охрид или нивните франшизни партнери нагласени во член 2 во вредност од најмалку 99 денари и ќе го испрати бројот од фискалната сметка преку СМС порака на телефонскиот број 149 449 од било кој мобилен оператор во Република Македонија. Валидни ќе бидат фискалните сметки кои се издадени во периодот додека трае наградната игра.

 

Учесниците на наградната игра можат да испраќаат СМС пораки од 16.07.2018 од 07:00ч до 15.08.2018 до 23:59ч.

 

Цената на една СМС порака изнесува 5 денари + ДДВ. Сите испратени пораки ќе бидат верификувани и секој учесник ќе добие повратен одговор дали е добитник на награда. Секоја фискална која ќе биде добитна, нема да учествува во понатамошните извлекувања.

 

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати се до датумот на завршување на наградната игра.

 

Во наградната игра немаат право на учество вработените кај организаторот на наградната игра, вработени во АД Жито Леб Охрид како и вработени во НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, но и членовите на нивните потесни семејства (син/ќерка, родители, брат/сестра или брачен другар).

 

  • Запознавање на учесниците со наградната игра

Правилата на наградната игра, ќе бидат објавени пред започнување на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии, на веб страната www.zitoleb.com.mk

Учесниците ќе можат да се запознаат со правилата на наградната игра и преку банери, флаери и постери, на социјални и останати медиуми.

 

  • Извлекување на награди

Добитниците на наградната игра ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерски софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на испратени СМС пораки.

 

Сите испратени кодови преку СМС пораки од страна на приредувачот на наградната игра ќе бидат верификувани. По верификувањето на кодот, секој ислраќач на СМС ќе добие повратен одговор преку СМС дали неговиот код е важечки во формат: “Вашата порака е успешно регистрирана. Зачувајте ја фискалната сметка како потврда за подигнување на наградата доколку бидете извлечени. Ви благодариме, Ваш Жито Леб.”

 

За секоја награда ќе бидат извлечени по два резервни добитници.

 

Добитникот ќе биде известен на телефонскиот број преку СМС порака во формат: “Почитувани, честитки. Добитник сте на #### (име на наградата). Очекувајте наскоро повик од нашиот контакт центар за информации околу подигнување на наградата. Добитникот ќе биде контактиран на телефонскиот број од каде што е испратена пораката и истиот треба да се јави во рок од 72 часа по добивањето на пораката во која е известен дека е добитен на телефонскиот број предвиден од организаторот на наградната игра, кој ќе биде објавен на сите промотивни материјали.

 

Доколку добитникот не се јави во предвидениот рок, наградата ќе се додели на резервниот добитник.

 

Фискалната сметка треба да се чува како доказ за купениот производ и да се прикаже при подигање на наградата. Покрај фискалната сметка, добитникот треба со себе да го понесе и телефонскиот уред на кој е испратена пораката од страна на организаторот дека е добитник на награда, како и личен документ за идентификација.

 

Доколку добитникот нема валидна фискална сметка (копија  од фискална сметка е невалидна), наградата ќе се додели на резервниот добитник. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за СМС пораките кои не ги содржат потребните информации и истите нема да влезат во извлекувањето на наградите, а корисникот ќе биде известен по пат на СМС дека пораката е невалидна.

 

Извлекувањето на наградите ќе се врши на дневна основа, односно по 30 награди секој ден во периодот од 16.07.2018 до 14.08.2018. Во дневниет награди влегуваат: Гуми за пливање, крпи за на плажа и ваучери од 200 денари во пекарите на Жито Леб.

Извлекувањето на останатите награди ќе се извршува на неделна основа од сите недобитни СМС пораки, односно:

  • Прва недела по случаен избор (16.07.2018 – 22.07.2018) – Извлекување на викенд за двајца во Охрид во Хотел Парк Лејксајд
  • Втора недела по случаен избор (23.07.2018 – 29.07.2018) – Извлекување на Huaweii P20 Public
  • Трета недела по случаен избор (06.08.2018 – 12.08.2018) – Извлекување на GoPro Camera Hero6 Black
  • 15.08.2018 – Извлекување на патување за двајца во Кападокија од сите недобитни СМС испратени пораки.

 

Извлекување на наградите ќе биде контролирано од страна на организаторот на наградната игра и овластен претставник на АД Жито Леб Охрид.

 

  • Објавување на добитниците

Списокот на добитниците на наградната игра ќе биде објавен во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградната игра на веб страната www.zitoleb.com.mk.

 

  •  Начин на подигање на добивките 

Добиените награди се подигаат во просториите на АД Жито Леб Охрид со приложување на фискална сметка, СМС порака и документ за лична идентификација. Освоената награда може да се подигне во рок од 30 дена од објавувањето на добитниците.

 

Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка подготвена и заверена од овластено лице од АД Жито Леб Охрид кое ќе биде одговорно за подигање на наградите.

 

  • Поднесување на приговор

Учесниците на наградната игра имаат право на приговори до организаторот на наградната игра, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавувањето на добитниците на веб страната. Организаторот е должен да одговори на дадениот приговор во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот.

 

  • Виша сила 

Во случај на виша сила како и настан што не може да се контролира, исправи или предвиди од страна на Организаторот, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот поради причини независни од неговата волја и чија појава оневозможува исполнување на обврските превземени во овие правила, Организаторот има право да ја откаже наградната игра, по добивање на одобрение од Министерството за финансии, за што ќе ги извести учесниците во наградната игра преку дневниот печат.

 

 

  • Согласност за собирање, обработување и зачувување на лични податоци

Со испраќање на СМС порака за учество во наградната игра, учесникот ги прифаќа правилата за учество во наградната игра и се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на приредувачот согласно законот за заштита на лични податоци. Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чиешто учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.

Организаторот  се обврзува сите лични податоци да ги обработува во согласност со Законот за заштита на ли

Macedonian