За нас

Секоја приказна на секое парче леб започнува со семето посадено во земјата, на житните полиња. Нашето поле се викаше слободна Македонија и во 1947-мата година таа беше подготвена сама да си го прави лебот. Од никулците израсна целата нова генерација која беше на почетокот на градењето на нашата држава. Нам ни се падна одговорната функција да бидеме задолжени за пишувањето на приказната на секој леб од засадувањето на житото до трпезата на нашите баби и дедовци. На никулците на слободна Македонија.

 

Неколку денови после 26-тиот ден на октомври 1947-мата година кога е донесена одлуката за формирање на претпријатието „Исхрана“, поточно на 15-ти ноември започнуваат да функционираат неколкуте фурни кои годишно произведувале околу 800.000 килограми леб. Имало и една пекара, една месара и еден житен магацин со млин и пиљара. Неколку генерации после 26-тиот ден на октомври 1947-мата година, продолжуваме да се грижиме за растот на Охрид, на секој начин. Тука сме секој ден, за секој од вас!

 

Иако примарната мисија на А.Д. „Жито Леб“ е да се грижиме првенствено за потребите на локалниот регион, патиштата до други дестинации кои ги поплочуваме со нашиот квалитет се се' пошироки и побројни. Од 2011-тата година сме присутни на дури 15 локации во Скопје, ребрендирајќи се во компанија која е достојна да го претставува квалитетот на Македонија поминувајќи ги границите и на државата и границите на она што било познато како квалитет. Не' има во целиот регион, а од неодамна нашите производи се барани и во Обединетите Арапски Емирати. Франшизата на „Жито Леб“ е подготвена да донесе парче од македонската магија насекаде на планетава. Само треба да посакате. Останатото е наша задача!

 

Macedonian