01.02.2016

Дуплирано производството на лиснатиот смрзнат програм

Со огормно задоволство ве информираме дека изворот на многу моменти на среќа на стотици илјади луѓе низ целиот свет, А.Д. „Жито Леб“ од Охрид ги дуплираше капацитетите на производство на смрзнатиот лиснат програм - бидејќи стотиците илјади задоволни муштерии претендираат да почнат да се бројат во седум цифри.

После извозот во Србија и Дубаи, во моментов преговараме со уште неколку балкански земји и бидејќи дојдовме до фазата „финализација на производите“ планираме многукратно зголемената побарувачка да ја пречекаме и повеќе од подготвени. Со капацитет двојно поголем од досегашниот, „Жито Леб“ е подготвен да го шири нашето врвно прехранбено слово низ целиот свет.

Macedonian