01.02.2016

Охридскиот ѓеврек шампионски во Србија

Главната состојка на легендарниот охридски појадок кој вклучува и јогурт, најпознатото нешто што може да се јаде во Охрид а да не е извадено од езерото - охридскиот ѓеврек, од неодамна се наоѓа на менито на комшиите во Србија.

Во Охрид не може да поминеш барем еден ден без на менито за појадок да ти се најде фамозниот ѓеврек. Сега, благодарение на соработката меѓу Жито Леб и „Макси Делез“ синџирот на маркети во Србија, стотиците илјади жители на Србија од 7 до 77 кои барем еднаш свратиле во Охрид, може да се потсетат на убавите денови покрај езерото преку потсетувањето на вкусот кој го нуди нашиот ѓеврек.

Ако патот ве однесе во Србија и ве стегне носталгијата - без очајување. Влезете во првиот „Макси“ и освежете го сеќавањето со вкусот на родниот крај.

Macedonian