Bake & Cake

Доколку сте вљубеници во магичниот вкус на нашите производи и сакате да ја споделите радоста преку директно учество во процесот, или едноставно знаете дека квалитетот ни е императив, а традицијата доказ дека успехот е неизбежен, се наоѓате на правото место.

 

Во рамките на својот развоен план, А.Д. Жито Леб нуди можност за ваше учество во франшизата која ја нудиме. Што добивате вие? Целосно спроведување на франшиза-системот на Жито Леб. Целокупна опрема, брендирање на објектот според нашите унифицирани стандарди, строго специфицирани препораки за набавка на суровини и сите останати насоки кои ќе гарантираат дека нашиот стандард за квалитет ќе остане 100% верен на нашата идеја, а вие ќе сте задоволни затоа што ќе носите задоволство кај стотици луѓе секој еден ден. Франшизата на Жито Леб значи и прецизно дефинирани продукти кои ќе се продаваат во неа, покрај оние кои ги создаваме самите ние. Се разбира дека сме ви тука и за едукација на кадрите според нашите стандарди, како и за стратешко планирање на промотивните кампањи и попусти на глобално ниво.

 

Според нашите планови, во Македонија ќе отвориме до 50 објекти во рамките на франшизата. Спремни сте да станете дел од нашата фамилија?

 

Macedonian